Објави и новости

 

ПРЕДМЕТ: ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МЕДИУМИТЕ 

Почитувани медиуми,

Најсостро ја осудуваме одлуката на Владата за стопирање на исплатата на одобрените проекти од страна на Генералниот секретаријта на Владата на Република Македонија. Ние како организација аплициравме регуларно и со цела комплетна документација. За одобрениот проект имаме добиено решение и потпишан договор.

Согласно потпишаниот договорот ние сме започнале со изработка на проектот и настанати се првите финансиски импликации за имплементација на истиот. Ние бараме Владата веднаш и без никакво одлагање да ни ги исплати сретствата за имплементација на проектот.

Ние како организација ја почитуваме одлуката на Владата да побара да се направи ревизија на одлучувањето за доделување на проекти. Ја охрабруваме владата и државниот завод за ревизија да направат комплетна ревизија на процесот на доделување на проектите и доколку се најдат наоди за злоупотреби, сите оние кои учествувале во процедурате на доделување и одлучување за подршка на проектите, да бидат кривично гонети.

Сепак, одлуката за правење на ревизија по проектите, на никаков начин не смее да го запре процесот на исплата на проектите, бидејќи за истите постојат решенија и договори, и расходите за нивно имплементирање се започнати.

Ве известуваме дека ние како организација, за сите направени расходи по однос на проектот, ќе поднесеме тужби за надомест на штета против Владата на Република Македонија бидејќи нашите правни застапници не известија дека вие немате право да го запрете спроведувањето на проектот на никаков начин.

Уште еднаш да ве известиме дека нашата организација во минатото, учествувала во различни кампањи со кои вие може да се согласувате или не, но тоа не ви дава за право да сега вие да ни се осветувате заради нашите активности во минатото. Би сакале да ве известиме дека ние работиме голем број на проекти како на локално, национално и меѓународно ниво. Последно само пред 3 дена, потпишан е договор за грант со Германската Амбасада во Македонија.

На крај, уште еднаш бараме до Вас како Влада, до генералниот секретар на Владата, секоја донесена одлука да ви биде согласно законот! Ве известуваме дека за секое кочење со исплатата на сретства, постои можност за неуспех на проектот, за кое уште сега ве известуваме и за кое ќе бараме ваша правна одговорност и надомест на штета согласно договорот.

Последно сакаме да ве известиме дека ќе ги известиме сите амбасади како и Европската Унија за начинот на притисок кој вие го правите врз граѓанскиот сектор.

Со почит,

Валентин Црвенкоски

Претседател

Здружение Јасна Иднина с.Небрегово, Долнени


ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО ГЕРМАНСКА АМБАСАДА, ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “ОПРЕМУВАЊЕ НА КАБИНЕТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА СТРУКА” ВО СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПРИЛЕП


ДЕМАНТ И БАРАЊЕ НА ИЗВИНУВАЊЕ КОН ЗДРУЖЕНИЕТО ЈАСНА ИДНИНА ОД СТРАНА НА МОФ

За тексот “Владата дала 800.000 евра на НВО-а за кои и на Гугл му е тешко да ги најде”

Почитувани,

Денес бевме затекнати од вас и од шпекулацијта и ширење невистини за Здружението Јасна Иднина од Долнени. Текстот ви е премногу тенденциозен, а нападот за нашата работа е неоснован. Апсолутно сме згрозени од вашиот тенденциозен текст.

Која беше намената на вашиот текст ние не знаеме? Дали ова го правите за да продолжите да се докажувате кон СОРОС и соросоидната екипа на која и припаѓате, тоа не го знаеме!

Но да ви кажеме накратко нешто за нас,

Здружението ЈАСНА ИДНИНА с. Небрегово Долнени од 2008 година работи во руралните области на Македонија. Ние како организација имаме ВЕБ страница https://jasnaidnina.mk/ иако вие во вашиот текст лажете дека немаме.

Лажете дека немаме активности. Не можеме да го кажеме тоа со помеки зборови. Вие лажете!

Како не ви е страм за лични интереси да го рушите имиџот на нашето здружение!

За вакви навреди и лаги најчесто следува правна разврска на која ние ќе инсистираме доколку вие не го објавите овој демант во целост!

Главна цел на нашите активности е да обезбеди можности за обука и вработување на младите лица од руралните средини бидејќи многу од нив се судруваат со пречки поради географски и економски причини. Вложуваме напори за развој на одржлива структура што ќе биде во можност на подолг временски период  да помогне во обезбедување на консултантски услуги и можност  за до едукација и подобрување на неформалното образование за младите луѓе.

Ние спроведуваме многу локални проекти, но и национални а и меѓународни. За жал, по се изгледа вие и вашиот ментална и бизнис логика не дозволува во Македонија да функционирааат и други организации сем ОНИЕ кои се подржани од СОРОС. Жално е што начинот на размилување на Вас кои треба да претставуваат прогресивна младина е таков!

Како според вас го објаснувате фактот што кога вие правите активности против владата на ВМРО-ДПМНЕ тоа е кул и во ред, а кога ние правиме активности или имаме изјави против Влада на СДСМ, тогаш тоа не е во ред! Зарем имате некаква логика во вашата објава!

Во однос на нашите проекти, вие може да проверите дека ние имаме голем број на Европски проекти. Моментално нашата организација работи на проект со Германската Амбасада за опремување на една училница во средно училиште во Прилеп. Имаме активен проект во Шпанија и во англија со наши партнери каде целта е развој на младите од руралните средини.

Во нашата историја сме работеле на европски проекти кои сме ги завршиле со најдобри оцени но ЈАСНО е дека вие како организација тешко дека може да видите нешто кое е подалеку од листата на организации кои е подржана од СОРОС.

Бараме да го повлечете текстот, и јавно да упатите извинување кон нас.

Доколку тоа не се случи, ние ќе сме приморани да ги употребиме сите правни дејствија против вас и шпекулациите кои сте ги објавиле!

Претседателството и УО на Здружението Јасна Иднина, Долнени

Валентин Црвенкоски.