За нас

Здружението ЈАСНА ИДНИНА с. Небрегово Долнени e основана во Декември 2008 година и работи во руралните области на Македонија. Главна цел на нашите активности е да обезбеди можности за обука и вработување на младите лица од руралните средини бидејќи многу од нив се судруваат со пречки поради географски и економски причини. Организацијата има 20 членови и волонтери кои помагаат да се имплементираат нашите редовни активности на локално и на национално ниво. Вложуваме напори за развој на одржлива структура што ќе биде во можност на подолг временски период  да помогне во обезбедување на консултантски услуги и можност  за до едукација и подобрување на неформалното образование за младите луѓе. Неформалното образование е важен дел од нашата работа, алатка која се користи на редовна основа за да им служи на потребите на целната група и поттикнување на развојот на човечкиот капитал во руралните области.

Тимот на Здружението Јасна ИДНИНА има еден модератор со долгогодишно искуство во различни младински настани, кој има професионално знаење во областа на медиумите за младите, еден сметководител за национални, меѓународни и ЕУ проекти, едно лице одговорно за меѓународни проекти (Еразмус +), едно лице одговорно за односи со јавноста – професионален фотограф и новинар, кој има вештини во социјалните медиуми, филмското творештво и создавање на различни видови на визуелни материјали, а три лица одговорни за подготовката и координацијата на различни настани, застапување на организацијата и административни задачи.