Почетна

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНАТА НА ЈАСНА ИДНИНА

Здружението ЈАСНА ИДНИНА с. Небрегово Долнени e основана во Декември 2008 година и работи во руралните области на Македонија. Главна цел на нашите активности е да обезбеди можности за обука и вработување на младите лица од руралните средини бидејќи многу од нив се судруваат со пречки поради географски и економски причини. Организацијата има 20 членови и волонтери кои помагаат да се имплементираат нашите редовни активности на локално и на национално ниво. Вложуваме напори за развој на одржлива структура што ќе биде во можност на подолг временски период  да помогне во обезбедување на консултантски услуги и можност  за до едукација и подобрување на неформалното образование за младите луѓе. Неформалното образование е важен дел од нашата работа, алатка која се користи на редовна основа за да им служи на потребите на целната група и поттикнување на развојот на човечкиот капитал во руралните области.